сабота, 27 јули 2024

Зеленски: Идеално ќе беше да добиеме покана за членство во НАТО, но…

Објавено на

часот

Сподели

„Важен резултат е одлуката на Украина да не ѝ треба МАП на патот кон НАТО“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на самитот во Вилнус.

Тој рече дека украинските војници стекнале искуство во соработка со различни членки на алијансата. Западните сојузници обучуваат илјадници украински војници, а Киев е силно зависен од западното оружје во борбата против руските сили кои започнаа инвазија во февруари 2022 година.

НАТО денеска објави дека Украина ќе стане членка на алијансата, но не постави временска рамка. Исто така донесена е одлука Киев да не мора да поминува низ МАП – список на политички, економски и воени критериуми што другите источноевропски земји требаше да ги исполнат на патот кон НАТО.

Зеленски рече дека во Вилнус добил позитивни вести за нови пакети воена помош од Велика Британија, Германија, Австралија и Холандија.

„Можеме да кажеме дека резултатите од самитот се добри, а да добиевме покана ќе беа идеални“, изјави украинскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ