среда, 23 октомври 2024

Зеленски: И Русија треба да ги почувствува последиците на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека Русија, која во последните три дена се справува со оружениот упад на Украинците во својата погранична област Курск, треба да ги „почувствува последиците од војната која самата ја почна“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Русија ја донесе војната во нашата земја и треба да ги почувствува нејзините последици“, кажа Зеленски во своето дневно обраќање, не спомнувајќи ги експлицитно упадот на украинските трупи во Русија.

Заменик гувернерот на Курската област Андреј Белостоицки изјави вчера дека руските сили го спречиле напредувањето на Украинците во тој регион каде украинските сили извршија упад оваа недела.

„Непријателот не напредува ни метар, напротив, се повлекува. Непријателската техника и борбените сили активно се уништуваат. Се надеваме дека во блиска иднина непријателот ќе биде сопрен“, кажа Белостоицки.

Рускиот претседател Владимир Путин упадот го опиша како „голема провокација“.

Украинските власти не го коментираат обемот на операцијата. Ако биде потврден, ова би можел да биде најголемиот украински упад од почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022 година.

Границата на Курскиот регион со Украина е долга 245 километри, што им овозможува на терористичките групи да извршат брзи упади и да заземат дел од теренот пред Русија да ги распореди своите засилувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ