Орбан на социјалната мрежа Икс напиша дека еден час на телефон разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за условите за прекин на огнот и мировни преговори со Украина.
Зеленски го нападна Орбан, обвинувајќи го дека самопромоцијата ја става над европското единство.
„Единството во Европа секогаш било клуч за постигнување успех. Не може да има дискусија за војната која Русија ја води против Украина без Украина“, порача Зеленски како одговор на постот на Орбан.
Унгарскиот лидер возврати истакнувајќи дека е тажно тоа што Зеленски одбил божиќен прекин на огнот и голема рамена на заробеници.
Орбан го истакна неодамнешниот указ на Зеленски со кој во Украина официјално се забрануваат мировни преговори со Русија.