сабота, 27 јули 2024

Зеленски и Ердоган работат на формула за крај на војната

Украина продолжува со подготовките на мировниот самит за завршување на војната која минатата година ја почна Русија, кажа украинскиот претседател Володимир Зеленски по разговорот со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган. Следниот чекор ќе биде уште еден состанок на советниците за национална безбедност од неколку украински сојузници кој треба да се одржи на Малта на 28 и 29 октомври.

Објавено на

часот

Сподели

За време на тие разговори за „мировна формула“, Турција исто така ќе придонесе „со својот авторитативен глас и став“, напиша Зеленски на Икс (Твитер), по телефонските консултации со Ердоган. Зеленски оваа формула, со која се предвидува повлекување на руската војска од Украина, ја окарактеризира како единствена одржлива иницијатива за завршување на војната. Мировните иницијативи на други земји, вклучувајќи ги Кина и Бразил, Украина категорично ги отфрла.

Во август, претставници на околу 40 држави учествуваа на големиот состанок за мировната формула за Украина во Саудиска Арабија. Русија не беше поканета. Украина планира да го организира самитот до крајот на годината. Зеленски му се заблагодари на Ердоган на неговата цврста поддршка во борбата за украинскиот суверенитет и територијален интегритет. Не откри детали за состанокот кој се планира на Малта.

Меѓутоа, според претходните изјави од Киев, настанот ќе се однесува на западните безбедносни гаранции против идна руска агресија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ