сабота, 27 јули 2024

Зеленски го смени врховниот командант на војската, па го прогласи за „херој на Украина“

Претседателот на Украина Володимир Зеленски му го додели денес на поранешниот врховен командант генералот Валериј Залужни одликувањето „херој на Украина“, еден ден откако беше сменет од функцијата. Залужни, попларна фигура која ги надгледуваше воените напори на Украина против Русија, вчера беше сменет со командантот на копнените сили, генералот-потполковник Олександр Сирски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката на Залужни да му се додели највисокото украинско државно одликување е знак дека тимот на Зеленски се обидува да сигнализира единство и почит кон Залужни откако го смени од позицијата командант на оружените сили.

Анкетите покажуваат дека Залужни ужива поголема доверба од јавноста од Зеленски. Сè уште нема цврсти податоци за реакцијата на јавноста на неговото сменување, но многу Украинци на социјалните мрежи отворено ја доведоа во прашање таквата одлука.

Смената доаѓа по повеќемесечните нагаѓања за раздорот меѓу двете најистакнати украински фигури околу нивната визија на војната против Русија, која наскоро ќе влезе во третата година. Додека вчера ги објавуваше промените, Зеленски кажа дека во тој потег нема политика и дека смета дека е потребно обновување на оружените сили по неуспехот на украинските копнени операции минатата година.

Украинските сили минатото лето почнаа контраофанзива, но не успеаја да ги пробијат руските линии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ