вторник, 22 октомври 2024

Зеленски го смени шефот на украинските воздухопловни сили, без да го спомне урнатиот Ф-16

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва со претседателски указ го смени командантот на военото воздухопловство Микола Олешчук, еден ден откако војската извести за уривањето на авионот Ф-16 и загинувањето на својот најдобар пилот при големиот воздушен напад на Русија во понеделникот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Загинатиот пилот Олексиј Мес го загубил животот додека во понеделникот „го одбивал досега најголемиот воздушен напад“ на Русија на Украина, а неофцијално неговиот авион бил погоден од украинската противвоздушна одбрана со американски „патриот“.

„Одлучив да го сменам командантот на военото воздухопловство. Вечно сум и благодарен на нашите воени пилоти“, кажа Зеленски во обраќањето.

Не ја наведе причината за сменувањето, туку спомна дека персоналот мора да биде заштитен и дека командното ниво мора да се зајакне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ