сабота, 27 јули 2024

Зеленски го прекори Западот: „Премногу внимание посветувате на интересите на Русија, а премалку на интересите на Украина“

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати жесток прекор до Западот дека не сторил доволно за да му помогне на Киев да победи во војната, додека на истокот на земјата беснеат жестоки битки, а руските трупи сѐ повеќе се приближуваат до околината на клучен индустриски град.

Повикувајќи на „неограничена“ помош, особено за пратки на тешко вооружување, Зеленски, исто така, ги критикуваше неодамнешните сугестии дека до мирот може да се дојде со територијални отстапки.

Претходно дента украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба им рече на присутните на Светскиот економски форум во Давос дека на неговата земја „очајнички“ ѝ требаат ракетни системи со повеќекратно лансирање за да одговараат на руската огнена моќ во битката за Донбас.

Зеленски од Киев ја повтори таа молба.

„Потребна ни е помош од нашите партнери – пред сè, оружје за Украина. Целосна помош, без исклучоци, без граници, доволна за победа“, рече Зеленски во своето секојдневно обраќање до нацијата.

„Кисинџеровиот календар“

Велејќи дека светот не бил подготвен „за украинската храброст“, Зеленски во средата ја обвини меѓународната заедница дека им посветува премногу внимание на интересите на Русија, а премалку на интересите на Украина.

Тој конкретно ги нападна поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер и Њујорк тајмс затоа што сугерираа дека можеби се неопходни територијални жртви за да му се стави крај на конфликтот.

Кисинџер, 98-годишниот шампион на реалполитиката, вели Москва тајмс, оваа недела им рече на присутните на Светскиот економски форум во Давос дека враќањето на „статус квото“ од пред инвазијата на Русија на 24 февруари би било идеално.

Русија формално го анектираше Крим во 2014 година, додека сепаратистичките групи приклонети кон Москва долго време ги контролираа најисточните региони Доњецк и Луганск.

Притискањето на Москва да ја предаде таа територија се заканува да го претвори конфликтот во нова, поширока војна, предупреди Кисинџер, додавајќи дека преговорите треба да почнат најдоцна во рок од два месеци.

„Се чини дека календарот на господинот Кисинџер не е на 2022 година, туку на 1938 година“, одговори Зеленски, споредувајќи го неговиот предлог со договорот со кој дел од Чехословачка ѝ беше отстапен на нацистичка Германија пред повеќе од 80 години.

Уредничкиот одбор на Њујорк тајмс, исто така, ги нарече нереални надежите за враќање на земјиштето запленето пред февруари, велејќи дека во евентуалните преговори пред украинското раководство ќе се најдат „болни територијални одлуки што ќе ги бара секој компромис“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ