среда, 15 јануари 2025

Зеленски го посети Меѓународниот кривичен суд кој ја издаде потерницата за Путин (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Овој суд во март издаде налог за апсење на претседателот на Русија Владимир Путин поради сомнеж за одговорност за депортирање деца од Украина.

Зеленски го пречека претседателот на судот Пјотр Хофмански, пренесува Ројтерс.

Тој се сретна со холандски пратеници, но и одржа состаноци со холандскиот премиер Марк Руте и белгискиот премиер Александар де Кро.

Холандија од почетокот на војната силно го поддржува Киев, а холандскиот премиер Руте во февруари изјави дека не исклучува секаков вид воена поддршка за Украина, сè додека тоа не вклучува судир на НАТО и Русија.

Русија, која не е членка на МКС и не ја признава неговата надлежност, негира дека извршила злосторства за време на конфликтот во Украина, поради што судот нема јурисдикција над наводните злосторства при инвазијата на Русија во Украина.

Чинот на агресија Обединетите нации го дефинираат како „инвазија или напад на оружените сили на една држава на територија на друга држава, или каква било воена окупација“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ