„Харков претрпе страшни удари од окупаторот. На исток и север гледаат црни, полууништени станбени згради, од каде што пукаше руската артилерија, од каде пристигаа руските борбени авиони“, рече Зеленски, пренесе Си-ен-ен.
„Русија веќе ја загуби битката за Харков, битката за Киев и северот на нашата земја. Но, исто така, ја изгуби својата иднина и сите културни врски со слободниот свет“, додаде тој.
Украинскиот претседател ги пофали властите во Харков, освен локалното раководство на службата за безбедност. Тој рече дека го отпуштил локалниот шеф на службата за државна безбедност во Харков бидејќи „не работеше на заштитата на градот по почетокот на инвазијата и мислеше само на себе“.
Зеленски додаде дека една третина од регионот Харков сè уште е под окупација и дека украинските сили сигурно ќе ја ослободат целата територија.