сабота, 27 јули 2024

Зеленски го одби предлогот на Кина и Бразил: „Русија ќе блокира сѐ, сака да нѐ збрише“

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска го отфрли предлогот на Кина и Бразил, кои инсистираат на учество на Русија на самитот за мир во Украина, закажан за средината на јуни во Швајцарија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ние не сметаме дека Русија треба да учествува во ова, бидејќи Русија ќе блокира сè – тоа е јасно“, им рече Зеленски на новинарите во Мадрид, каде што е во посета. „Таа сака да ја уништи Украина, да нѐ сотре“, рече тој, додавајќи дека не може да се има „никаква доверба во (Владимир) Путин“.

Зеленски рече дека посредниците ќе можат на Русија да ѝ ги пренесат предлозите кога учесниците на претстојниот самит ќе се договорат за документ во кој се детализирани чекорите за воспоставување „праведен мир“ во Украина врз основа на мировниот план во Киев.

Според него, учеството на таа конференција на 15 и 16 јуни веќе го потврдиле 90 земји.

„Ние сме во состојба (…) да најдеме излез од ситуациите што ги донесе Русија со оваа војна, а потоа посредниците да им ги покажат на претставниците на Русија“, додаде Зеленски.

„Затоа сега ги покануваме сите: го имаме нашиот основен (план), но отворени сме да слушнеме и други мислења“, рече тој.

Фото: ЕПА

Зеленски во неделата ги повика своите американски и кинески колеги да учествуваат на таа мировна конференција. Москва, која не е поканета, веќе предвидува неуспех.

Стратегиски партнер на Русија, Пекинг минатата недела ја повтори својата позиција во заедничката изјава со Бразил дека поддржува „меѓународна мировна конференција во соодветно време, признаена и од Русија и од Украина, со еднакво учество на сите страни и со искрена дискусија за сите мировни планови“.

Во неодамнешното интервју за АФП, Зеленски спомена три прашања за кои ќе се преговара во Швајцарија.

Првото е слободна пловидба по Црно Море за да се заштити безбедноста на снабдувањето со храна во светот со дозволување на украинскиот извоз на жито.

Второто прашање е договор за повикот да се запрат нападите врз енергетската инфраструктура.

Третото е враќање во Украина на илјадниците деца депортирани во Русија, што е кривично дело – според Меѓународниот кривичен суд, кој нареди апсење на Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ