сабота, 27 јули 2024

Зеленски остро го критикуваше Шолц бидејќи одби да обезбеди ракети Таурус за Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го критикуваше германскиот канцелар Олаф Шолц дека одбил да му обезбеди на Киев крстосувачките ракети Таурус од германско производство и посочи дека колебливоста се заснова на неговата желба да го задржи оружјето за одбрана на Берлин од заканите од Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Колку што разбирам, канцеларот верува дека, имајќи предвид дека е претставник на ненуклеарна држава, ова е најмоќното оружје што го има Германија“, рече Зеленски за ракетите Таурус во интервју за Аксел Спрингер, матичната компанија на порталот Политико.

„Тој сподели со мене дека не може да ја остави својата земја без толку моќно оружје“, додаде Зеленски.

Германската влада сепак на својата јавност ѝ претставува сосема поинаква логика за тоа што не му испраќа оружје на Киев, наведува порталот.

Шолц категорично одбива да испрати ракети Таурус во Украина, велејќи во изјавите дека таквиот потег може да доведе до ескалација на војната, па дури и да ја вовлече Германија во директен конфликт со Русија.

Зеленски рече дека Шолц ги гледа ракетите Таурус како средство за одвраќање од нуклеарен напад, иако украинскиот претседател веднаш додаде дека не гледа логика во тоа. „Било кои ракети“, рече тој, „нема никого да заштитат од нуклеарен напад, ако, не дај Боже, избие нуклеарна војна“.

Шолц, сепак, изнесе значително различни аргументи пред германската јавност, прикажувајќи се себеси како лидер кој може да ѝ пружи помош на Украина без да ги премине т.н. „црвени линии“, кои според Шолц може да доведат до проширување на војната. Некои политичари во неговата централно-левичарска Социјалдемократска партија го нарекоа „канцелар на мирот“ поради овој пристап.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Украина развила план за нова контраофанзива.

„Да, имаме контраофанзивен план. Немаме алтернатива, но не можам да дадам датум“, нагласи Зеленски во интервју за Билд, истакнувајќи дека за да се постигне оваа цел, на украинската армија ѝ треба оружје, вклучително и оружје од Соединетите Американски Држави.

Според него, Русија има повеќе луѓе и оружје, но, како што наведе, обединетиот Запад има современи системи за оружје.

Коментирајќи ги повиците за замрзнување на војната, Зеленски рече дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја искористи оваа пауза за да се подготви за нов напад.

„Секако, некои ќе се радуваат: Да, успеавме да го замрзнеме конфликтот, проектили не летаат. Но, ова е само додека Русија не го зголеми производството и резервите на воена опрема, ракети, беспилотни летала и не ги анализира сите грешки што ги призна на почетокот“, истакна украинскиот лидер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ