сабота, 27 јули 2024

Зеленски ги одложи сите странски посети поради руската офанзива на Харков

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ги одложи сите претстојни странски посети, изјави денес неговиот портпарол Сергеј Никифоров, додека е во тек руската офанзива на регионот Харков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Зеленски наложи сите меѓународни настани закажани за следните денови да се одложат и да се усогласат нови датуми“, напиша Никифоров на социјалните мрежи.

Зеленски претходно ја откажа посетата на Мадрид, која требаше да се реализира подоцна оваа недела, за време на која требаше да се сретне со шпанскиот премиер Педро Санчез и кралот Фелипе Шести, соопшти шпанската кралска палата.

Дипломатски извори истакнаа дека откажувањето на патувањето на претседателот на Украина, кое требало да ја опфати и Португалија, е последица на сложената ситуација низ која минува неговата земја соочена со руска офанзива по повеќе од две години војна.

Шпанската влада не ја најави официјално посетата, иако во понеделникот извори од власта изјавиле дека за време на посетата било планирано потпишување билатерален договор за безбедност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ