среда, 18 декември 2024

Зеленски ги бара ветените ракетни системи од НАТО

Можното распоредување на странски мировни трупи во Украина би можело да биде тема на утрешната средба на европските лидери во Брисел, кажа денес украинскиот претседател Воподимир Зеленски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој од НАТО ги бара ветените системи за противвоздушна одбрана како компензација за тоа што Украина не добива покана во западниот воен пакт, што го напиша на Телеграм.

„Искрено, нашите партнери знаат дека ни се потребни уште 12 до 15 системи. Главната работа е политичката волја на нашите партнери“, напиша Зеленски.

Тој на заедничката конференција за новинари со полскиот премиер Доналд Туск во Лавов во Украина порача дека итно јакнење на Украина ќе биде главната тема за дискусија за време на утрешниот состанок во Брисел, како што се „јакнење на противвоздушната одбрана, вложување на сојузниците во украинската индустрија на оружје и безбедносни гаранции“.

Зеленски на 9 декември јавно побара распоредување западни трупи во Украина додека земјата не биде во можност да се придружи на НАТО.

Таа можност прв ја спомна францускиот претседател Емануел Макрон во февруари, но европските лидери одбиваат да разговараат за тоа прашање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ