сабота, 27 јули 2024

Зеленски: ЕУ треба да ја прими Украина во јуни

Претседателот на Украина Володимир Зеленски побара од Европската Унија да ја прими Украина во Унијата во јуни оваа година, во спротивно, според него, рускиот претседател Владимир Путин овој гест ќе го смета за слабост на ЕУ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Јуни е периодот кога всушност ќе биде правилно да се почнат преговорите за пристапување на Украина во Европската Унија. На Европа ѝ е потребен овој сигнал за Путин да не дојде во искушение да мисли дека Европа покажува слабост“, рече Зеленски на самитот во Вилнус на заедничката прес-конференција со претседателите на Литванија и Полска, Гитанас Наусед и Анджеј Дуда.

Зеленски истакна дека Русија треба да чувствува дека во Европа има повеќе единство отколку противречности.

Зеленски исто така рече дека Украина ќе продолжи да губи луѓе и територии доколку нејзините партнери не му дадат помош на Киев.

Според него, на планираниот мировен самит за политичко решавање на украинско-рускиот конфликт ќе биде подготвена детална мапа за завршување на војната.

„Ќе се одлучи како да се натера Русија да ги преземе овие чекори за праведен мир. Таков формат гледаме денес. Но, ако нема помош, ќе ни биде исклучително тешко – ќе ги изгубиме нашите луѓе, ќе ги изгубиме нашите војници… Прашањето не е само во териториите, прашањето е во луѓето. А за нас се важни и териториите“, рече Зеленски.

Тој оцени дека, доколку не се врати територијалниот интегритет, ќе се изгуби почитувањето на суверенитетот, што, според него, ќе доведе до замрзнување на конфликтот, за што тој изрази противење претходниот ден во интервју за германските медиуми. Зеленски додаде дека „реалноста мора да одговара на зборовите“, навестувајќи го недостигот од политичка волја кај сојузниците на Киев и доцнењето во обезбедувањето помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ