сабота, 27 јули 2024

Зеленски е разочаран од светските лидери

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денес се сретна со американскиот министер за одбрана во Сингапур, кажа дека е разочаран од тоа што „одредени светски лидери“ не се обврзале да учествуваат на самитот за Украина во Швајцарија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кинескиот претседател нема да учествува, а ниту пак американскиот претседател Џо Бајден.

„Разочарани сме што некои светски лидери сè уште не го потврдиле своето учество на мировниот самит“, кажа Зеленски, не кажувајќи конкретно на кого мисли.

Зеленски додаде дека денес имал „многу добра средба“ со американскиот министер за одбрана Лојд Остин во Сингапур, додека се обидува да добие посилна поддршка од Западот соочен со руското напредување на теренот.

Според Киев, повеќе од сто земји се обврзале да учествуваат на самитот во јуни во Швајцарија.

Кина во петокот кажа дека е беспредметно да учествува на овој самит ако Русија не е поканета.

Украина тешко се справува со руската копнена офанзива во регионот на Харков каде Русија го оствари најголемиот територијален напредок во 18 месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ