„Добро е што словачкиот премиер Фицо конечно се врати од својот одмор во луксузен хотел во Виетнам и сега е во Братислава. За него лично, тоа мора да биде предизвик – да се префрли од живот во луксуз во обид да ги исправи сопствените грешки“, напиша Зеленски на Икс.
Тој тврди дека било јасна грешка Фицо да се надева дека неговите тајни планови со Москва ќе продолжат на неодредено време. „Ние понудивме да му помогнеме на народот на Словачка за време на нивното прилагодување на недостатокот на транзит на гас, но Фицо арогантно одби“, истакна Зеленски.
„Вистинскиот проблем е што тој се обложи на Москва, а не на сопствената земја, не на обединета Европа, а особено не на здравиот разум. Тоа беше изгубен облог од самиот почеток“, порача тој. Изрази надеж дека понатамошната диверзификација на енергетските извори во Европа, соработката со Европската комисија и спроведувањето на политиката на Трамп за зголемување на снабдувањето со американски гас на континентот ќе помогнат во решавањето на предизвиците.
It’s good that Slovakia’s Prime Minister Fico has finally returned from his vacation at a luxurious hotel in Vietnam and is now in Bratislava. For him, personally, it must be challenging—switching from living in luxury to now trying to fix his own mistakes. It was an obvious…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 12, 2025
Словачкиот премиер Роберт Фицо минатата недела објави дека обезбедил снабдување со гас за Словачка за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин во Москва минатиот месец, пред Украина да го прекине транзитот на гас од Русија на почетокот на 2025 година.
Фицо исчезна од очите на јавноста по неговата посета на Путин на 22 декември. Словачките медиуми објавија дека тој бил на одмор во Виетнам и престојувал во луксузниот хотел Капела ханои. Словачкиот претседател Петер Пелегрини потврди дека бил „информиран за должината на годишниот одмор и местото каде што премиерот одмара“, но одби да ги објави овие информации за јавноста.