„Колку се похрабри одлуките на нашите сојузници, толку помалку Путин може да направи“, рече тој.
Украинскиот претседател го поздрави и „добриот напредок“ на Украина во руската област Курск и додаде дека Киев ја постигнува својата стратегиска цел.
Зеленски вели дека украинската армија напредува во руската област Курск и дека заробила повеќе од 100 руски војници.
На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа како украински војник го отстранува руското знаме од локалниот Дом на културата во руското село Вњезапне во Курската област, каде што Украина веќе деветти ден е во офанзива.
Ukrainian forces captured the Russian town of Vnezapnoe, Kursk Oblast, further solidifying the western flank of their offensive.
Seen here, a Ukrainian soldier removes the Russian flag from the Vnezapnoe House of Culture. pic.twitter.com/mqmQWOImhc
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) August 14, 2024
A Ukrainian journalist arrived in Sudzha, Kursk region, in time to see the Russian flag being taken down.
Humanitarian aid was brought to locals in Kursk region.
Commander of Akhmat unit Alaudinov said that AFU have no control over Sudzha. Were Kadyrovites passed by again? https://t.co/23vPaBN7x2 pic.twitter.com/Qg9O5PcQAy
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 14, 2024
На друго видео се гледа како тројца војници од зграда во рускиот град Суџа го симнуваат руското знаме извикувајќи: „Слава на Украина“.
Се појави и видео, наводно направено од украински војници откако зазеле командно место во рускиот пограничен регион Курск. Војниците на снимката ги исмеваат руските генерали.
With subtitles. https://t.co/LXsWDXCk28 pic.twitter.com/CF7QYbZwC1
— WarTranslated (Dmitri) (@wartranslated) August 14, 2024
„Баравме два тенка!“, вели еден од нив. „Земи пенкало и запиши го тоа“, вели друг.
Додека држи телефон и се преправа дека врти некому, војникот ги извикува имињата на поранешниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу и актуелниот началник на армијата Валериј Герасимов и извикува: „Каде е муницијата?“
Претходно денеска високи претставници на Киев изјавија дека Украина создава тампон-зона во регионот и планира да организира хуманитарна помош и коридори за евакуација на цивилите што сакаат да влезат или во Русија или во Украина.