вторник, 22 октомври 2024

Зеленски до Индија: Путин ќе има проблеми ако престанете да купувате руска нафта

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Индија да престане да увезува руска нафта, оценувајќи дека во тој случај рускиот претседател Владимир Путин би се соочил со сериозни проблеми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Верувам дека индиската влада го разбира тоа. ќе работиме на алтернативни решенија. Вие сте голема земја, тука не станува збор за милиони, туку за милијарди кои му се враќаат на Путин, на Русија, а потоа тој ги користи, бидејќи тој сега официјално има воена економија“, кажа Зеленски за индиските новински агенции.

„Тоа имплицира дека приоритет е војната, а не мирот. Не само за својата војска, туку и за својата економија која е спремна за војна ако милијарди долари стигнат од кој било пазар, вклучувајќи ги Индија, арапските земји и Кина. Нормално, нему тоа многу добро му оди, па би требало да почувствува дека војната е многу скапа работа“, оцени Зеленски.

„Тој краде милијарди од својот народ. Тие се сиромашни, тој не ја чувствува сиромаштијата. Но, руското општество би можело да го турне кон мир ако тие ја почувствуваат уште повеќе. Тоа е критично бидејќи руското општество или не е свесно што се случува, или разбира и го поддржува. Путин има целосна контрола над медиумите и социјалните мрежи“, кажа Зеленски.

Украинскиот претседател неодамна во Киев го прими индискиот премиер Нарендра Моди со кој, како што кажа, разговарал за „патот до мирот“.

„Ќе разговараме за неговите идеи, ќе разговараме за тоа. Но не сме спремни да ја користиме својата територија како еден од темелите на предлозите, не менуваме луѓе и територии за мировни предлози“, кажа Зеленски.

„Премиерот Моди повеќе го цени мирот од претседателот Путин. Гледате во што е проблемот? Проблемот е што Путин тоа не го сака. Му кажав на Моди – внимавајте со кого разговарате, тој вели дека сака мир, а потоа напаѓа болници“, додаде украинскиот лидер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ