сабота, 27 јули 2024

Зеленски до ЕУ: Во јуни да добиеме статус на кандидат, благодарност до Балканот за разбирањето

Објавено на

часот

Сподели

„На стратегиско ниво, статусот на земја-кандидат за членство во ЕУ на Украина треба да биде одобрен уште во јуни“, рече Зеленски.

Тој особено им се заблагодари на земјите од Западен Балкан „за разбирањето и за поддршката на кандидатскиот статус за Украина“.

„На 8 април, кога беше усвоен петтиот пакет санкции, добивме прашалник за кандидатурата и веќе го одговоривме, ѝ дадовме одговори на Европската комисија. Сметаме на истата реакција од Европа и ја отфрламе секоја алтернатива, која никому не му е потребна. Мора да бидеме како вас“, порача Зеленски.

Украинскиот претседател рече дека Украина ги исполнила сите критериуми за кандидатски статус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ