понеделник, 23 декември 2024

Зеленски: Членството на Украина во НАТО е остварливо

Членството на Украина во НАТО е „остварливо“, но Киев ќе мора да се бори за да ги убеди сојузниците и да го оствари тоа, рекол претседателот Володимир Зеленски пред украинските дипломати.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украина постојано бара членство во НАТО. Западната воена алијанса потврди дека Украина еден ден ќе се приклучи, но не одреди датум ниту упати покана. Москва ја наведе можноста за пристапување на Украина во НАТО како едно од главните оправдувања за инвазијата во 2022 година.

Киев вели дека членството или некоја еквивалентна форма на безбедносна гаранција би било клучно за секој мировен план за да се обезбеди дека Русија нема повторно да нападне. „Сите разбираме дека поканата на Украина во НАТО и членството во алијансата може да биде само политичка одлука“, им рекол Зеленски на дипломатите на состанокот во Киев.

„Членството на Украина во НАТО може да се постигне, но само ако се бориме за таа одлука на сите неопходни нивоа“, додал тој. Зеленски истакнал дека сојузниците мора да знаат што може да донесе Украина во НАТО и како нејзиното членство ќе ги стабилизира глобалните односи.

Украинскиот претседател минатата недела ги повика европските земји да обезбедат заштита на Украина по завршувањето на војната со Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ