сабота, 27 јули 2024

Зеленски бара уште половина милион регрути

Украинските пратеници расправаат за реформи на законот за мобилизација. За неколку недели би можеле да го изгласаат законот за кој се верува дека значително ќе го зголеми бројот на мобилизирани Украинци, пренесува Си-ен-ен. Недостигот од муниција и војници се главните теми во парламентот и покажуваат дека расположението во државата е прилично сменето од ентузијазмот пред неуспешната офанзива.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руските сили напредуваат на истокот на Украина. Пред три дена го освоија Авдеевка, индустриски град на југоистокот.

На почетокот на инвазијата пред две години, многу Украинци доброволно пристапија во војска. Меѓутоа сега нема волонтери, а системот за регрутирање, според властите, е нефункционален. Во војска можат да служат мажи и жени на возраст од 18 до 59 години. Мобилизацијата важи за граѓаните постари од 26 години. Со реформата која сега се расправа, би ја снижила минималната возраст за мобилизација на 25 години.

Според предложениот закон, сите мажи на возраст меѓу 18 и 60 години би морале да регистрираат податоци за тоа каде живеат или работат. Со тоа ќе се направи централна база на податоци во која ќе има список на потенцијални кандидати за мобилизација, достапна на војската. Со тоа мобилизацијата би требало да биде транспарентна и ефикасна.

Парламентарците планираат да воведат и поостри казни за избегнување мобилизација кои би можеле да вклучуваат суспензија на возачката дозвола или банкарската сметка. Полицијата објави дека тужбите за избегнување мобилизација многу споро се решаваат. Од 2.600 такви случаи, пресуда имаат само 550.

Бидејќи во Украина е воена состојба, на мажите на возраст за регрутирање им е забранет излезот од државата. Исклучок се само самохраните родители и професионалните спортисти. Казната за обид за нелегално бегство од државата е околу 200 евра.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека на Украина ѝ требаат уште 500.000 регрути, а таа тема стана главна во јавните дебати. Генералот Валериј Залужни, кој беше главен командант до пред неколку дена, кажа дека тој број на регрути не може да се постигне без воведување непопуларни мерки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ