вторник, 22 октомври 2024

Зеленски бара помош од европските авијации: Ако функционира на Блискиот Исток, треба и во Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара денес помош од воздухопловните сили на европските земји да ги уништат ракетите и дроновите по денешниот масовен руски воздушен напад на цели во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во различни региони на Украина би можеле да направиме многу повеќе за да ги заштитиме животите ако авијацијата на наште европски соседи работи заедно со нашите (ловци) Ф-16 и нашата противвоздушна одбрана“, порача Зеленски на Телеграм.

Украинскиот претседател додаде дека се потребни „решенија“.

„Ако ова единство функционираше така добро на Блискиот Исток, би требало да функционира и во Европа“, додаде тој, а пренесува Франс прес, наведувајќи дека Зеленски веројатно мисли на помошта која на Израел му ја пружаа западните сојузници во одбивањето на воздушните напади.

„Америка, Британија, Франција и други партнери имаат сила да ни помогнат да го сопреме теророт. Потребни ни се решенија“, порача украинскиот претседател.

Според него, Русија денес употребила повеќе од 100 проектили и околу 100 дронови, што е еден од најголемите напади на цели во Украина во последните месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ