сабота, 27 јули 2024

Зеленски: Ако престане поддршката од САД, Европа нема да успее сама

Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека доколку САД ја прекинат помошта за Украина, Европа нема да може сама да ја пополни празнината, но вели дека верува оти тоа нема да се случи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски во интервју за германската телевизија АРД, одговарајќи на прашањето што би се случило кога САД би престанале да ѝ помагаат на Украина и дали Европа би успеала да ја пополни таквата празнина, рече дека верува дека тоа нема да се случи и дека Европа нема да биде оставена сама, пренесува Униан.

Тој наведе дека прашањето е сложено затоа што Европа сама нема да може да ја пополни празнината кога станува збор за оружјето и за финансиите, бидејќи, како што објаснува, доколку Европа се обедини, веројатно ќе може да ѝ даде доволна поддршка на Украина, но САД имаат влијание и кога испраќаат сигнали што „не се многу позитивни“, го имаат истото влијание врз некои европски лидери.

Според него, ако се случи САД да одолжат поддршката, тоа ќе влијае на обединетата Европа.

Тој смета дека тоа би довело до недостиг од оружје и финансии и дека ќе се изгуби сојузот меѓу Соединетите Американски Држави и Европа.

„Трето, самата Европа ќе разбере дека ова е сигнал дека, ако Украина не издржи и (рускиот претседател Владимир) Путин тргне напред, тоа е сигнал од Соединетите Држави дека Европа ќе остане сама (меѓу) земјите на НАТО што ќе ѝ се спротивстават на Русија“, оценува Зеленски.

Тој додава дека ќе биде сериозна закана тоа што Путин ќе го искористи стопроцентно и дека тоа е исто така сигнал што ќе покаже дека НАТО нема да биде толку силен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ