четврток, 26 декември 2024

Зелен хуман град утре ќе протестира поради загадениот воздух

 

Објавено на

часот

Сподели

„Протестираме бидејќи секоја година од 3.828 до 5000+ луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5. Ова претставува 17,7 отсто од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух“, велат од Зелен хуман град.

Организаторите на протестот бараат од надлежните институции итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ