сабота, 27 јули 2024
Денеска е 1 Јуни - Светскиот ден на млекото

Здружување на фармерите во земјоделски задруги за одржливо млекопроизводство

Објавено на

часот

Сподели

На настанот ќе присуствуваат повеќе млекопроизводители од Пелагонискиот регион, како и Благојче Веселиновски, претставник од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Целта на настанот е да се согледаат актуелните состојби во млекопроизводството, мерките кои ги презема Владата и моменталните предизвици и придобивки.

Проектот „Денови на млекото и кооперативното здружување“ е манифестација која има за цел да го зајакне континуираното дејствување во повеќе насоки: здружување на фармерите, нивна советодавна поддршка, подигнување на квалитетот на млекото, напредок и континуиран, долгорочен бенефит.

„Здружувањето на фармерите во земјоделски задруги е битно за да се постигне одржливост на млекопроизводството и подобрување на рентабилноста на сточарството. Посебно внимание МЗШВ посветува на примарното производство, подобрување на квалитетот на суровото млеко и поттикнување на млечната индустрија. Млекопроизводството како еден од поважните сегменти во агроиндустријата, зазема и важно место во креирањето на политиките за развој на земјоделството, а организирањето на оваа манифестација придонесува за одржлив и организиран пристап во спроведувањето на мерките кои произлегуваат од нашето законодавство и ЕУ регулативата. Токму затоа, здружувањето на фармерите во земјоделски задруги е важно за да се постигне одржливост на млекопроизводството и подобрување на рентабилноста на сточарството, а токму преку оваа манифестација и кооперативното здружување се трасира добар пат на спроведување на соодветните начини на дејствување кои водат кон реализација на поставената цел“, се наведува во најавата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ