четврток, 26 декември 2024

Здруженијата на лица со дијабетес бараат подобра здравствена заштита

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија, денеска достави барања за подобра здравствена заштита до Влада, Министерство за здравство и до Фонд за здравствено осигурување, информираа од СЗДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија оттаму, се работи за барањa за задржување на нивото на квалитет на инсулини и иновативни терапии за лицата со дијабетес, обезбедување поквалитетни достапни помагала. Станува збор, како што појаснија, за приоритети дефинирани во Стратешкиот план 2024-2028, како и постојаните барања од страна на над 130.000 + лица со дијабетес во државата.

„ Уште еднаш го изразуваме нашето, големо незадоволство како претставници на над 130.000+ лица со дијабетес во Република Северна Македонија, од немањето позитивен одговор ниту активност за нашите барања, за соодветна грижа преку обезбедување најсовремена терапија за да се спречат сериозните здравствени компликации со кои се соочуваат лицата со дијабетес во Република Северна Македонија“, подвлекоа од Сојузот.

Оттаму побараа остварување на итните приоритети на лицата со тип еден и два на дијабетес. Притоа порачаа дека време е да се овозможи на пациентите со дијабетес во Северна Македонија, да имаат избор на квалитетни апарати и ленти за мерење шеќер во сите аптеки.

„Време е секое лице со тип еден дијабетес да го менаџира својот шеќер во крвта со CGM сензори, а медицински индицираните и со инуслинска пумпа. Време е да почнете на пациентите со дијабетес да им ја овозможите целосно и анти – дијабетната терапија, за да полесно се спречуваат компликациите. Честопати ни се кажува дека нема средства, дека не можеме да ги имаме како другиот нормален свет.  А кога ги немаме овие терапии и помагала, ние, лицата се дијабетес, ја плаќаме цената со нашите здравје и живот“, алармираа од Сојузот.

Тие, како што пишуваат во барањата, веруваат дека може да ги разберат сите, зошто се незадоволни од властите.

„Сите ние како претставници на над 130.000+ лица со дијабетес во Република Северна Македонија, сакаме конечно да видиме промени во начинот на третирање на нашите барања за соодветна грижа и спречување на сериозните здравствени компликации, со кои се соочуваат лицата со дијабетес во Република Северна Македонија“, пишува во нивните барања.

Од Сојузот ги нудат на располагање сите свои ресурси, логистички и човечки, во зедничко решавање и надминување на овој долгогодишен проблем на лицата со дијабетес во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ