петок, 19 април 2024

Здруженијата на лекари по општа медицина ја започнаа кампањата за ретките болести

Здружението Живот со предизвици и Здружението на лекари по општа семејна медицина започнуваат кампања за подобрo и рано дијагностицирање на ретките болести.

Објавено на

часот

Сподели

Весна Алексовска, претседателка на Здружението Живот со предизвици рече дека раната дијагноза не е ништо без раната терапија.

„Многу пациенти патуваат до Скопје за лекови, ние бараме децентрализација. Има многу предизвици“, рече таа на денешната прес-конференција.

Доктор Драган Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на лекари по општа семејна медицина, рече оти тие го имаат првиот контакт со пациентите и тие се срцето на здравствената заштита.

„Ретките болести се откриваат во многу доцна фаза. Ние ќе се обидеме лекарите да се запознаат поблиску со болеста, да имаат одврзани раце матичните лекари. Во март ќе почне со Скопје оваа акција. По Скопје, ќе почне и низ други градови, каде лекари специјалисти по семејна медицина ќе имаат средби со претставници на Здружението Живот со предизвици“, појасни Ѓорѓиевски.

Настанот го поддржаа и повеќе професори од Детската клиника во Скопје, меѓу нив и директорката, доц. д-р Валентина Цвејоска Чолаковска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ