сабота, 27 јули 2024

Здружение Сакам да работам: Кој има интерес да се затворат легалните игри на среќа и без работа да останат 10 илјади лица?

Објавено на

часот

Сподели

„Уште ги чекаме одговорите на логичните прашања, кој има интерес да се затворат легалните игри на среќа? Кој ќе понесе одговорност за штетните последици кои ќе следат ако се усвојат предложените законски измени? Дали младината ќе биде повеќе или помалку загрозена ако игрите на среќа се играат по подруми, во нелегални објекти?  Која е таа искривена логика дека излозите на објектите на игри на среќа ги привлекуваат малолетниците? Зошто истата логика не важи за трафиките, кафулињата и кафеаните?

Игри на среќа постојат од кога постои цивилизацијата. Се играло, се игра и ќе се играат игри на среќа. Само оваа сабота илјадници Грци во колони чекаа да ја поминат македонската граница и да играат во нашите казина. Албанија се откажа од четиригодишната забрана на игрите на среќа затоа што како печурки им никнаа диви играчници на кои нивните власти немаа никаква контрола. Македонските туристи кога одат во земји од ЕУ, во Монте Карло, Лас Вегас или на крстарења со бродови, со задоволство посетуваат казина, се фотографираат и се фалат. Таму е ‘ин4 да играш, а овде станува ерес! Во автомат клубовите и казината не влегуваат случајни минувачи. Нам ни се клиенти традиционални играчи.

Игрите на среќа се легален економски сектор, кој работи согласно позитивните законски прописи. Вработува безмалку 10 илјади луѓе, индиректно помага меѓу 54 до 100 илјади други работни места, секоја година придонесува со најмалку 280 милиони евра во државниот Буџет. Компаниите и ние вработените постојано сме дел на различни хуманитарни и донаторски активности со што покажуваме врвна општествена одговорност. Нашите работодавачи се претставници на реномирани светски и ЕУ компании кои спроведуваат највисоки стандарди на професионалност.

Доколку државата навистина одлучила да ги затвори легалните игри на среќа, мора да земе предвид дека со таква погрешна одлука ќе предизвика егзодус на најмалку 10 илјади семејства кои ќе се преселат во западните земји и таму повторно ќе работат во истиот сектор.  Тоа е реалноста!  Ние навреме предупредуваме, со цел да превенираме состојби кои ќе предизвикаат сериозни штети. Се надеваме дека некој ќе ги земе предвид овие наши укажувања! Во спротивно ќе бидеме принудени да излеземе на масовни протести со кои ќе бараме заштита на нашите права“, се вели во првомајската порака на здружението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ