сабота, 21 декември 2024

Здружение на оштетени штедачи: Обвинителството како да сака да се заборави криминалот во Еуростандард банка

Еуростандард банка се затвори и отиде во стечај поради голем криминал кој се случувал во неа со години. Веднаш откако се затвори во август 2020 година, сите страни беа согласни дека се случил организиран криминал во Еуростандард банка. Заврши предистражната постапка и имаше основани сомневања дека навистина се случил организиран криминал. На основа на тоа, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага во февруари 2021 година, се вели во денешното соопштение на Здружението на оштетени штедачи во Еуростандард банката.

Објавено на

часот

Сподели

„Но, еве поминаа повеќе од четири години без никаква одлука што понатаму. Обвинителството како да сака да го заборави случајот и истиот да исчезне, а тоа го покажува преку своето упорно молчење. Едноставно, при толку расположливи материјални докази, за очекување е дека до сега случајот ќе беше решен, а криминалците сместени во затвор и штетата на доверителите покриена од нивните имоти. Наспроти очекувањата, кои и според закон до сега требаше да бидат реалност, вистинската реалност е дека нема никаква одговорност од никого за овој случај односно има неказнивост. Нема ниту обвинителен акт, ниту судски процес. Случај кој по своите параметри за криминал е на прво место барем во последните две децении. За жал, обвинителството и понатаму молчи, а сите ние ја живееме реалноста во земја во која правдата е на последно место. До кога вака“, прашуваат од Здружението на оштетените штедачи на Еуростандард банката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ