„Со цел избегнување на несакани последици како алкохолни труења и сообраќајни незгоди, апелираме до граѓаните да прославуваат мирно и одговорно со консумирање на алкохолни пијалоци во умерени количини и да внимаваат на прекумерното внесување храна. Спречувањето на интоксикацијата со алкохол на новогодишната ноќ е важно за здравјето на поединецот и за здравјето на најблиските.
Апелираме да не се користат и разни пиротехнички средства кои може да предизвикаат тешки телесни повреди.
На сите граѓани им посакуваме среќни новогодишни и божиќни празници“, се вели во соопштението на министерството.