сабота, 27 јули 2024

Здравствената состојба на словачкиот премиер е стабилна, потврдија лекарите

Здравствената состојба на словачкиот премиер Роберт Фицо е стабилна по минатонеделниот атентат врз него, изјавија лекарите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Состојбата на пациентот е стабилна. Клиничката слика се поправа, тој комуницира“, соопшти преку Фејсбук болницата од Банска Бистрица во која тој лежи.

Нападот на Фицо кој се случи во средата е првиот сериозен обид за убиство на некој европски политички лидер во последните повеќе од 20 години.

Заменик премиерот Роберт Калињак изјави вчера дека животот на Фицо повеќе не е загрозен, иако неговата состојба и понатаму е сериозна и дека тој би можел да биде префрлен во Братислава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ