петок, 18 октомври 2024
Денеска почнува првенството во Шкотска, Македонија таму има двајца фудбалери

Здравковски: Миовски ми помогна да ја донесам одлуката, во Шкотска дојдов за да излезам од мојата комфорна зона

Објавено на

часот

Сподели

Денеска почнува новата сезона во шкотската Премиерлига, Здравковски би требало да го има своето деби во новиот шампионат, Мадервел му гостува на Данди од 16 часот.

Здравковски за тамошните медиуми изјави дека пред да дојде во Шкотска разговарал со Бојан Миовски кој му кажал само позитивни работи за земјата и за лигата.

„Играв со Бојан на младинско ниво и разговарав со него пред да дојдам тука. Тој ми објасни работи за животот во земјата, некои специфичности за лигата, работи кои добро е да се знаат кога доаѓате во нова земја. Тој ми кажа само убави работи за Шкотска и ја направи мојата одлука полесна“, вели Здравковски.

„Тој беше возбуден што ќе има еден од неговите пријатели тука, ми помогна малку, ми објасни работи, но веќе знаев што ќе се случува. Ја следам шкотската лига генерално, и мислам дека Мадервел ќе биде голем чекор во мојата кариера“.

„Тренерот имаше голема улога за моето доаѓање, зборувавме претходно и ме убеди. Знам дека можам да му помогнам на клубот и на крајот на денот и клубот може да ми помогне мене“.

„Преселбата во Шкотска е голем предизвик, но тоа е тоа што го сакав бидејќи поминав многу време во Кипар. Имав некои понуди од други земји околу Кипар, но сакав нешто што е надвор од мојата комфорна зона, шкотската лига ја видов како предизвик“.

„Јас сум тип на човек кој никогаш не одбива предизвици и сака да напредува, па мислам дека ова е вистинска одлука“.

„Овој трансфер ме возбудува бидејќи кога созревате имате соништа и цели и еден од моите беше мојата кариера да дојде до ова ниво и стил на играње, каде лигата е динамична и брза и темпото е навистина силно“.

„Сакам да го кренам нивото на мојата игра, но сакам пред се да се ставам во функција на тимот, затоа и дојдов тука. Сакам да му помогнам на тренерот кој има доверба во мене и ме донесе тука, сакам да му помогнам на тимот да ги оствари целите“.

„Фановите може да очекуваат 100 отсто од мене на тренинзите и на секој натпревар. Сакам да победувам на секој натпревар, сакам да го играм секој меч“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ