сабота, 27 јули 2024

Завршува грејната сезона, парно ќе има само ако температурата падне под 12 степени

Денеска завршува грејната сезона, но до крајот на април влегуваме во преоден период во кој на дневно ниво Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги известува топланите дали се создадени услови да биде вклучен системот за топлинска енергија, информираа денека од Регулаторната комисија за енергетика.

Објавено на

часот

Сподели

За утре, согласно добиените податоци од Управата за хидрометеролошки работи, нема услови за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на тарифните потрошувачи бидејќи прогнозираната средна дневна температура во Скопје ќе биде 19 степени, велат од РКЕ.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од вторник попладне синоптичарите најавуваат врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со појава на грмежи и силен ветер. И во следните денови ќе има повремени локални врнежи, а температурата од среда ќе бидат во позначително опаѓање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ