сабота, 27 април 2024
Поради повреди одигра само 30 минути

Заврши сезоната за засилувањето на Челси вредно 60 милиони фунти

Челси попладнево соопшти дека Ромео Лавија ја обновил повредата, па сезоната е завршена за фудбалерот од средниот ред, кој одигра само половина час оваа сезона, а беше платен 60 милиони фунти.

Објавено на

часот

Сподели

Ливерпул и Челси минатото лето имаа две големи битки на трансфер пазарот, „црвените“ прво го договорија Моизес Каиседо, а потоа и Ромео Лавија, но „сините“ на крајот успеаја да ги украдат и двајцата.

Јирген Клоп потоа во неколку наврати испрати зајадливи коментари и порача дека имале среќа што не ги купиле Моизес Каиседо и Ромео Лавија.

Предводникот на Ливерпул сигурно ќе ликува по последното соопштение на Челси, и известувањето дека е завршена сезоната за Ромео Лавија.

Младиот фудбалер од Белгија, поради повреди го одигра својот прв натпревар дури во декември, но веднаш доживеа нов пех.

„Сините“ попладнево соопштија Ромео Лавија ја обновил повредата и прогнозите се лоши, нема шанси да се врати на терените до крајот на сезоната.

Челси на Саутемптон му плати околу 60 милиони фунти за ангажман а Ромео Лавија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ