сабота, 27 јули 2024

Заврши расправата во Хаг за војната во Газа, повеќето земји бараат палестинска држава

Највисокиот суд на Обединетите нации во Хаг ја заврши историската постапка за легалноста на израелската окупација на Палестина, а повеќето држави на сослушувањето се изјаснија дека Израел го крши меѓународното право.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на шест дена, Меѓународниот суд на правдата сослуша досега невиден број земји, дури 52 и повеќето од нив тврдат дека Израел го крши меѓународното право и повикаа на формирање независна палестинска држава.

„Вистинската пречка е очигледна, сè подлабоката израелска окупација на палестинските територии, вклучувајќи го источен Ерусалим и неуспехот во спроведувањето на визијата за две држави, Израел и Палестина кои живеат едни покрај други“, кажа меѓу другото заменикот на турскиот министер за надворешни работи Ахмет Јилдиз.

Сослушувањата беа поттикнати од барањето на Генералното собрание на Обединетите нации за необврзувачко мислење за легалноста на израелската политика. Судот ќе го објави своето мислење „во догледно време“. Во просек советодавните мислења се објавуваат шест месеци по усмената постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ