сабота, 27 јули 2024
„Ѓаволите“ приредија изненадување на Вембли

Заврши неверојатната серија на Родри без пораз, Манчестер јунајтед се радува на трфеј во ФА Купот (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед го изненади градскиот ривал Манчестер Сити во финалето во ФА Купот, „ѓаволите“ славеа со 1-2 и ја завршија сезоната со трофеј и обезбеден настап во Лига Европа.

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед колку толку ја спаси лошата сезона откако попладнево стигна до трофеј во ФА Купот.

„Ѓаволите“ успеaја да го изненадат градскиот ривал Манчестер Сити и да го совладаат со 1-2 на Вембли.

Резултатот беше отворен по поливина час игра, Гвардиол и голманот Ортега лошо се разбраа, па Гарначо рутински реализираше за 0-1.

Манчестер јунајтед пред крајот на првиот дел ја дуплираше предноста, по една убава акација, Мејну биеше прецизно по земја за 0-2.

„Граѓаните“ силно притиснаа во продолжението од мечот, но успеаја само да стигнат само до почесен гол, Доку во 87. минута намали на 1-2.

Со оваа победа, Манчестер јунајтед се избори за место во Лига Европа, го пресели Челси во Конференциска Лига и го остави Њукасл без настап во Европа.

Избраниците на Тен Хаг ставија и крај на неверојатната серија на Родри, кој дури на 74 натпревари не знаеше за пораз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ