сабота, 19 октомври 2024

Заводот за ревизија се сомнева во објективноста на финансиските извештаи на АД МЕПСО

Објавено на

часот

Сподели

„Иако надлежните служби во континуитет преземаат активности, не е извршено целосно потврдување на состојбата на земјиштето евидентирано во трговските книги при што постојат разлики помеѓу сметководствената состојба, фактичката состојба и имотните листови.

Трафостаниците кои требало да бидат во заедничка сопственост на „МЕПСО“ и на “ЕВН“ во издадените имотни листови стои дека се само во сопственост на „ЕВН“. 

За две трафостаници е запишано право на залог (хипотека) за износ на побарување од 77 милиони евра на ЕБОР како носител на право (доверител), при што хипотекарен должник е запишана ЕВН АД Македонија, како носител на право (сопственик). Поради непотврдено правото на сопственост на АД МЕПСО Скопје, одлуките во кои постои ризик за отуѓување на средствата над кои е воспоставена хипотека, се носат без негова согласност.

Оваа состојба има влијание на висината на тарифата за пренос на електрична енергија, која се утврдува со одлука од страна на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) врз основа на сметководствените податоци и финансиски евиденции доставени од страна на АД МЕПСО Скопје. 

„Со извршената ревизија констатиравме дека во 2021 година по основ на отплата на камати за повлечените долгорочни заеми евидентирани се расходи во износ од 32.404 илјади денари, а за неповлечените кредитни средства пресметани и евидентирани се провизии во вкупен износ од 12.835 илјади денари“, се посочува во ревизијата.

Во 2021 година поради енормното зголемување на цената на електричната енергија на европските берзи, недоволното домашно производство и недозволеното преземање на струја од електропреносниот систем од страна на Балансно одговорните страни (БОС), придонело приходите на МЕПСО од трговците да бидат зголемени за 68,5 милиони евра, за пет пати повеќе во однос на 2020 година  

Поради повлекување струја од европската мрежа, за АД МЕПСО Скопје е создадена обврската кон европскиот електроенергетски преносен систем во вредност од 25 милиони евра. Дополнителна причина за тоа е што податоците што се добиваат за трговците кои презеле струја доцнат и до 60 дена.

Во ноември 2021 година Владата донела Уредба со која е трговците – БОС биле ослободени од обврската за зголемување на банкарските гаранции по основ на склучените договори за балансна одговорност, а АД МЕПСО Скопје потпишал договори за репрограмирање на нивните доспеани, а ненаплатените долгови. Во декември 2022 година, побарувањата по основ  на склучени договори за репрограмирање за повлечена електрична енергија од електропреносниот систем изнесуваат 883.802 илјади денари или над 14 милиони евра, при што во ревизорскиот извештај се укажува дека постои ризик и неизвесност од нивна наплата“, велат од ДЗР.

Расходите за остварен вишок на електрична енергија од Универзален снабдувач на АД МЕПСО Скопје во 2021 година изнесуваат 158.817 илјади денари без вклучено ДДВ, додека остварените приходи од Универзалниот снабдувач изнесуваат 412.404 илјади денари без ДДВ, истакнуваат од ДЗР.

Иако финансиски била потпомогната термоцентралата ТЕЦ Неготино, при појавата на енергетската криза во октомври 2021 година, не е извршено нејзино  активирање за производство на електрична енергија, прецизираат од ДЗР.

Просечната годишна потрошувачка на електрична енергија во државата, во последните пет години изнесува околу 7,430 гигават часови при што најголемо учество во вкупната потрошувачка со над 65 отсто има потрошувачката на домаќинствата и уличното осветлување.

Според прогнозите на АД МЕПСО Скопје во периодот од 2025 до 2030 година производството на електрична енергија се очекува да биде на ниско ниво од околу 3.600 гигават часови поради намалување на работењето на РЕК Битола.

Со активирање на централи од обновливи извори на енергија како и гасни електрични централи увозот на електрична енергија би се намалил. Поради порастот на потрошувачката на електрична енергија, потребни се проекти за големо производство на електрична енергија во државата, истакнува ДЗР во ревизијата за работењето на МЕПСО за 2021 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ