сабота, 27 јули 2024

Затворски полицаец пуштил на слобода затвореник, полицијата веднаш ги уапси

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово денеска на пладне ги уапсиле Р.М. (42) од село Водоча и Д.Д. (27) од село Рич, Струмичко.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, лицата биле уапсени на крстосницата кај село Чалакли, Валандовско.

„Р.М. кој денеска во периодот  од 7 до 19 часот бил на работа како затворски полицаец во Затвор-Струмица, пречекорувајќи ги неговите овластувања му овозможил на осуденикот Д.Д., кој во моментот издржува затворска казна, времено да го напушти затворот, иако за тоа немал соодветно Решение. Двајцата со приватното возило на Р.М. се упатиле кон село Јосифово, Валандовско. За случајот се запознаени Основното јавно обвинителство Струмица и Затворот Струмица, а по негово  целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ