петок, 21 март 2025

Затворски полицаец од Штип напaднат од затвореник, добил расеченица на главата

Вчера наутро во СВР Штип било пријавено дека во КПУ Затвор-Штип било нападнато службено лице, кое што потоа дошло во просториите на штипската полиција и го пријавило нападот.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, истиот ден околу  9 часот, додека пријавителот бил на своето работно место во КПУ Затвор-Штип заедно со други затворски полицајци, откако на осуденик му издал наредба да го предаде мобилниот телефон, бил вербално нападнат од истиот со закани по неговиот живот и животот на неговото семејство.

Потоа со стаклена чаша осуденикот го удрил пријавителот во пределот на главата нанесувајќи му телесна повреда-посекотина. За настанот е запознат Јавен обвинител од ОЈО-Штип и се работи на расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ