сабота, 19 октомври 2024

Затвореник во Идризово се расекол со стакло, на пат до болница починал

Вчера во 12:35 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека околу 12 часот во затворот, во просторијата за посети, нивниот осуденик Д.Ф. искршил стакло и се повредил, по што почнал обилно да крвари, а на пат кон Комплексот клиники Мајка Тереза починал.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти СВР Скопје од страна на лекар била констатирана смрт.

„Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција“, информира скопската полиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ