вторник, 22 октомври 2024

Затвореници земаа за заложници вработени на затвор во Русија, има жртви, се сомнева на Исламска држава (ВИДЕО)

Повеќе затвореници денес земаа за заложници вработени во затвор во Русија, во југозападната област на Волгоград, објавија власти и додадоа дека има жртвите, а медиумите известуваат дека се сомнева во Исламска држава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За време на заседавање на дисциплинска комисија во Затворската колонија број 19 „повеќе затвореници земаа вработени како заложници“, соопшти сојузната затворска служба ФСИН преку Телеграм.

Во тек се операции за ослободување на заложниците, се наведува во соопштението.

Станува збор за затвор со строга безбедност во градот Суровикино, 120 километри западно од Волгоград, регионалниот главен град.

Според полициски извор на кој се повикува агенцијата ТАСС, најмалку тројца напаѓачи ги нападнале вработените.

На снимка чија автентичност не е потврдена, а го објавија повеќе руски медиуми, се гледа просторија со крв и четири лица на подот и крвави, некои изгледаат мртви, а уште две лица стојат и ги снима трето лице кое зборува арапски.

Истото лице потоа на руски искажува припадност на групата Исламска држава.

Кон средината на јуни повеќе припадници на исламистичката организација Исламска држава беа убиени кога за заложници земаа затворски службеници во затвор на југозападот на Русија, во областа Ростов соседна на Волгоград.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ