„Во раните утрински часови одреден број од наставниците пријавија зголемен број отсутни ученици со исти симптоми. Како училиште веднаш ја затворивме кујната, го спречивме топлиот оброк, дел од учениците од целодневната настава беа испратени дома бидејќи не може да останат долго време без топол оброк. Од 360 ученици кои се хранат во целодневната настава, околу 140 ученици се со исти или слични симптоми“, изјави Филипчев.
Подвлече дека случајот е пријавен до сите надлежни институции и дека е извршен вонреден инспекциски надзор.
„Ќе постапиме согласно законската регулатива“, одговори тој.
На Детската и на Инфективната клиника нема згрижено деца од училиштето кои имаат симптоми на труење со храна, потврдија за МИА од двете јавни здравствени установи
Деца кои учат во ова училиште во скопската општина Аеродром, се пожалиле на стомачни тегоби со дијареа и повраќање.