сабота, 27 јули 2024

Затворен дел од локалниот пат Велес – Градско

АМСМ информира дека поради вградување на асфалтен слој на регионален пат Р1102, делница Велес – Градско, денеска и утро во период од 8 до 18 часот, е затворен за сообраќај делот од бензинската пумпа Дади Компани до бензинската пумпа Хив.

Објавено на

часот

Сподели

 

 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ