сабота, 19 октомври 2024

Застреланиот од Гајре бил избеган од психијатарската болница Бардовци, МВР ги соопшти деталите

Синоќа околу 22 часот полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за специјални полициски операции, по претходно добиени оперативни сознанија дека Л.М. (41) од село Гајре, тетовско, кој е осомничен за убиство на 5 јули 2024, а бил баран и поради бегство од Психијатарската болница Бардовци, се наоѓа во селото, преземале мерки и активности за апсење на осомничениот, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„По претходно обезбедени наредби за претрес во три куќи во Гајре, при преземање мерки за претрес на куќа сопственост на З.М., затекнат е Л.М., кој бил вооружен со автоматска пушка и пружил отпор и не постапил по дадените наредби на полициските службеници, туку автоматската пушка ја репетирал и вперил кон полициските службеници, по што било пукано од страна на полициските службеници. Откако Л.М. бил неутрализиран, побарана е медицинска помош од Итната медицинска помош, а известен е и јавен обвинител. Кај Л.М. бил пронајден и пиштол и рамки за автоматска пушка и куршуми.  Околу 22.50 часот Л.М. починал, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид на местото на настанот извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во одделот за судска медицина во Клиничка болница Тетово за обдукција“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ