сабота, 26 октомври 2024

Застрашувачкиот пожар во Мариово се шири, линијата на огнот е долга над 25 километри

„Пожарот во Мариово не стивнува, туку е проширена огнената линија на преку 25 километри. На теренот се повеќе од 150 професионалци, чија најголема грижа е пламенот да не ги зафати селата и други објекти“, изјави началничката на прилепскиот кризен штаб Ирена Стерјоска Локвенец. Со огнот се опфатени околу 8.000 хектари.

Објавено на

часот

Сподели

„Критично е кај Крушевица, селото е загрозено од два фронта. Таму имаме лоцирано доста екипи, таму се и 50 припадници на армијата и на полицијата и вложуваат натпросечни напори да се изборат со стихијата. На теренот се и пожарникари, не само од Прилеп, туку и од повеќе градови. Гори и под репетиторите кај селото Штавица и за среќа, огнот слегува надолу и таму не е опфатена боровата шума. Ветрот го смени правецот и пожарот се движи и кон селото Пештани. И таму имаме противпожарни екипи за да го заштитат селото. Пожар има и над манастирот кај Прилепец, на околу илјада метри. Сите сили се насочени на локализирање на пожарот и на заштита на селата и објектите“, рече Стерјоска Локвенец.

 

Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица известува дека 90-тина професионалци се упатени кај манастирот Прилепец.

„Пожарот е активен и кај Крушевица и кај Бонче во високиот дел. Сега нашите пожарникари и другите професионалцци, 90-тина, се упатуваме кон манастирот Прилепец. Во моментов не се загрозени селата, се прават напори да се направи заштита околу селата. На помош е и дел од месното население“, рече Стојчески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ