сабота, 27 јули 2024
Поради измените на Кривичниот закон

Застаре и случајот Тендери во кој ѝ се судеше на Канческа-Милевска

Случајот Тендери на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), застаре поради неодаменшните измени во Кривичниот законик. Во овој случај една од обвинетите беше поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Објавено на

часот

Сподели

„Уважена е жалбата на ОЈО ГОКК (со навод за застареност) и по жалба и по службена должност преиначена е ослободителната пресуда во одбивателна. Пресудата КОКЗ.бр.149/23 е донесена на 15.02.2024 година и е предадена на првостепениот суд“, велат од Кривичниот суд Скопје.

Поради измените во Кривичниот законик, донесени по скратена постапка во септември лани, претходно застареа дел од обвиненијата за Таргет-Тврдина, Талир, Траекторија и Моќник, отворени од поранешното Специјално јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ