Барселона го капaриса Витор Роке уште минатото лето, и првичниот план беше напаѓачот да се пресели во Европа по 12 месеци, односно за почетокот на сезоната 2024/25.
Но лошата ефикасност пред голот и повредата на Гави ги сменија плановите, па Витор Роке ќе добие шанса да дебитира во дресот на „каталонците“ веќе во јануари.
18 годишниот Бразилец утрово пристигна во Барселона, во текот на денот ќе ги помине редовните лекарски прегледи и во петок ќе го одработи својот прв тренинг со новите соиграчи.
Доколку се мине во најдобар ред, Витор Роке би можел да ги одигра првите минути веќе на 4. јануари, кога Барса се среќава со Лас Палмас.