четврток, 2 јануари 2025

Засилени контроли во Центар, санкционирани 142 возила за неправилно паркирање

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 23 декември до 29 декември 2024 година, со помош на специјалните возила пајак отстранија 142 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Објавено на

часот

Сподели

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ