сабота, 27 јули 2024

Заштитени заедно – редовните вакцини за деца делуваат, започна националната кампања за имунизација на децата

Објавено на

часот

Сподели

„Факт е дека ковид – пандемијата имаше негативен ефект врз процесот на редовната имунизација на децата, како на глобално ниво, така и кај нас. Убаво е што годинава гледаме дека тој тренд се менува. Иако имаме подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, сакам да потенцирам дека сѐ уште не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет, утврден и со програмата за задолжителна имунизација – 95% на национално и 90% на локално ниво. Токму затоа продолжуваме интензивно да работиме на оваа тема“, рече Манолева.

манолева патриција
Сите вакцини за деца кои се примаат до 12 месеци,  со исклучок на пневнококната и рота вакцината, воведени во 2019 година, имаат достигнато опфат од околу 84%, рече таа и додаде дека пораст на националниот опфат има и кај МРП вакцината; минатата година за првата доза имаше покриеност од 70.4%, оваа година има благо покачување на 70.7%. Втората доза минатата година изнесуваше 80.4%, а оваа година има значителен раст и достигнува над 89% покриеност на национално ниво.

Оваа година е забележано и значително покачување на опфатот со ХПВ кој во 2021 изнесувал 35.5%, а оваа година е над 50%, додаде д-р Манолева.

Редовните вакцини за деца се докажано безбедни и ефикасни и секоја година спасуваат 2 до 3 милиони деца од смртоносни болести на глобално ниво. Ги повикуваме сите родители – не одложувајте ја вакцинацијата. Апелираме до родителите и негувателите да им ја обезбедат на нивните деца заштитата што ним им ја обезбедиле нивните родителите во минатото. Во 21-от век не смееме свесно да ги загрозуваме животите на децата и да ги изложуваме на ризик од болести што може да се спречат со вакцини и кои се докажани како безбедни и високоефикасни,“ рече претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани.

Во националната кампања поддржана од УНИЦЕФ здравствени работници, педијатри, вработени во вакцинални пунктови и гинеколози ќе зборуваат за опасностите од одложување на вакцинацијата, како и бенефитите од вакцините за деца кои се најефикасниот начин за заштита на нивното здравје.

„Од суштинско значење е за родителите да ја разберат важноста на надополнување на одложени или пропуштени дози на вакцина за своите деца. Во исто време, мора да продолжиме со напорите да ги направиме вакцините лесно достапни во Република Северна Македонија. Сите партнери во државата во изминатите години работевме на иденфикацијата на невакцинираните и нецелосно вакцинираните лица и на олеснувањето на пристапот до вакцините“, рече Горан Кочински, преставникот на СЗО и национален офицер за имунизација на СЗО  во Македонија.

Преку кампањата ќе се промовира и новата дигитална платформа Е-здравство, која содржи посебен дел посветен на имунизација и ги интегрира сите информации за вакцините на едно место. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ