сабота, 27 јули 2024

Заштедете време за важни нешта

Објавено на

часот

Сподели

Вашите сметки за јавни услуги се платени навреме и без потрошено време на шалтер. Планираната заштеда со еден клик ја додадовте на вашиот Паричен депозит. Следниот викенд патувате во странство, ама тоа не е проблем бидејќи и од далечина можете да ја платите фактурата за екскурзијата на вашето дете. И да му префрлите пари од вашата на неговата картичка за да има и за трошење.

Ова е навистина заштедено време и стрес! Но, и пари затоа што дигиталните банкарски трансакции се и до 80% поевтини од шалтерските трансакции. Сето ова и уште повеќе ви овозможува дигиталното банкарство на Комерцијална банка, достапно преку Интернет банката, мБанка, KomPay, електронска идентификација преку OneID.

Со современите и повеќефункционални дигитални услуги и апликации на Комерцијална банка вашите дневни банкарски трансакции функционираат едноставно. Со дигиталното банкарство на Комерцијална банка времето работи за вас, а вашите лични финансии се:

Достапни 24/7 – пристапот до мБанка и Интернет банка кога сакате и од каде сакате е веројатно најголемата предност на мобилното и електронското банкарство и на електронската идентификација.

Одговорни – да можете да ја видите состојбата на вашата сметка, да префрлате пари и да плаќате сметки секогаш кога вие сакате, е голема предност за средени лични финансии. 

Ефикасни – онлајн пристапот до голем број производи и услуги на Комерцијална банка ви го овозможува вашиот електронски идентитет, со кој може да ажурирате лични податоци, да активирате Интернет банка, а наскоро и да отворите платежна сметка и да аплицирате за кредит.   

Безбедни – со биометриска автентификација за пристап до мБанка или до вашиот електронски идентитет OneID, вашите дигитални трансакции се побезбедни од кога било.

Затоа не изненадува што многу клиенти веќе ги препознаваат можностите и ги користат предностите на дигиталното банкарство на Комерцијална банка. Тоа всушност нуди можности кои ги следат токму вашите желби и потреби.

                                                                                                                                       Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ